Воспитување

МТСП: Мајките да бидат спокојни, породилното отсуство им трае до завршувањето на времените мерки

Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни – се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа, информираат од Министерство за труд и социјална политика.
– За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, да продолжи да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот Ковид-19 – стои во соопштението од МТСП.

Остварувањето на правото на надоместокот се врши преку Фондот за здравствено осигурување, одлуката за времетраењето и завршувањето на времените мерки ја носи Владата, по заклучоци од Главен координативен кризен штаб кој одлучува според препораките на Комисијата за заразни болести.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top