Здравје

Можно ли е забременување по подврзување на јајцеводите?

Докторката Петра Подобник Брлечиќ од Хрватска е специјалист по гинекологија и акушерство. Таа одговара на прашањето дали жените може да забременат по направена интервенција за подврзување на јајцеводите.

Прашање: Родив две деца со царски рез, помладиот син сега ќе наполни пет години. За време на второто породување лекарот ми препорача подврзување на јајцеводите, на што јас се согласив. Ако сакам уште едно дете, ме интересира кои ми се опциите за забременување?

Одговор: По подврзување на јајцеводите тие се неповратно непроодни, што значи не е можно спонтано забременување. Доколку сакате да забремените, можно е единствено да се користат методи за медицинско оплодување, со ин витро постапка.

Повеќето млади мајки сакаат да користат контрацепција која е ефикасна, а да нема негативно влијание врз доењето и детето. Тука треба да се земат предвид сите методи што се сигурни, за различни ситуации.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top