Здравје

Може ли годишното време да влијае врз родилната тежина на бебето? Докажано, но не е јасно зошто

Според една нова студија, невообичаено топлото или студеното време во текот на второто или третото тримесечје може да влијае врз тежината на бебето.

Научниците од Националните институти за здравство прегледале информации за 220.000 бебиња родени во 19 американски болници. Тие ги проучувале моделите на родилна тежина помеѓу 2002 и 2008 година и ги споредиле со податоците за времето. Истражувачите ги означиле бебињата родени по 37 недели од бременоста, кои тежеле нешто повеќе од 2 кг, како „ниска родилна тежина“. Откако ги пресметале просечната температура за секое тримесечје од бременоста и времетраењето на целата бременост, истражувачите дошле до изненадувачко откритие:

-Жените што биле изложени на невообичаено студено време во текот на второто или третото тримесечје имале од 18 до 21 процент поголема веројатност да имаат бебе со мала родилна тежина. Од друга страна, жените што биле изложени на високи температури во текот на третото тримесечје имале 31 процент поголема шанса да родат бебе со мала родилна тежина, а за оние што биле изложени на екстремно високи температури, ризикот бил за 249 проценти поголем.

Студијата, е, благо речено, неочекувана, а научниците не се сосема сигурни зошто постои таквата врска. Можно е истражувачите едноставно да забележале корелација, што не мора нужно да докажува причинско-последична врска. Сепак, секогаш е добра идеја да се избегнува престој на отворено на екстремно топли или екстремно ниски температури. На крајот на краиштата, кој сака да поминува време на непријатни температури, без разлика дали е во бременост или не?

Извор

Поврзани написи

To top