Научниците се обиделе да најдат формули кои ќе ја предвидат висината на децата. Ги има многу, но логично е дека висината на децата зависи од висината на двајцата родители. Најпопуларната формула денес е онаа што ја зема предвид генетиката. Кога станува збор за висината, дефинитивно треба да се води сметка за начинот на живот, исхраната и општото здравје, а голема улога играат и хормоните. Доколку детето отстапува од своите врсници, расте помалку од 5 см годишно, не ја надраснува облеката или помладиот брат/сестра го надраснале, потребно е што поскоро да се консултира педијатар кој ќе го упати на ендокринолог.

Освен тоа, нутритивните и здравствените навики на мајката за време на бременоста може да имаат благо влијание врз висината на детето.

Сè започнува со генетиката

Научниците претпоставуваат дека 80% од висината на поединецот е резултат на генетско наследство. И додека ниските родители најчесто ќе имаат ниски деца, тоа не мора секогаш да биде случај. Причината за тоа е сложеноста на генетиката, која во наследството не е ограничена само на родителите и нивното дете, туку ги вклучува и постарите членови на семејството на родителите. Така, генот кој бил рецесивен кај родителите, може да стане активен кај детето кое го наследило. Сепак, не треба да заборавиме дека генетските мутации може да се појават и за време на наследувањето. На пример, мутацијата на генот „FGFR3“ е поврзана со џуџест раст. Генетиката може привремено да се предвиди со помош на едноставни тестови.

На пример, според еден метод, висината на двегодишното дете се множи со два, а добиениот број ќе ја претставува неговата висина во зрелоста. Според вториот метод, висините на родителите се додаваат, а потоа се делат на два. Од добиената бројка се одзема 6,5 за девојчињата, а 6,5 се додава за момчињата и резултатот ја претставува можната висина на детето. Но, важно е да се знае дека не можеме да влијаеме врз генетското наследство, кое има најголема улога во одредувањето на висината на детето, ниту со сигурност може да го предвидиме бидејќи освен тоа, други фактори можат да влијаат врз висината во текот на животот на детето.

Исхраната е важна

Познато е дека висината на луѓето може да варира во однос на географската локација од која доаѓаат, односно нивното етничко потекло. И додека до одреден степен причината за тоа е генетиката, во многу случаи се покажало дека промената на локацијата на живеење, што подразбира отстапување од традиционалната исхрана со која растеле нивните предци, резултира со зголемување на висината на детето во споредба со просекот на нивните предци. Но, важно е да се напомене дека исхраната може да влијае врз висината на детето само до двегодишна возраст.

Молекуларниот биолог Чао-Кианг Лаи го истражувал токму тоа, односно колку висината е под влијание на генетиката, а колку на исхраната. Резултатите покажале дека генетиката влијае до 80%, а исхраната до 20%. Кога зборуваме со конкретни бројки, тоа значи дека исхраната може да му „додаде“ околу 2 сантиметри на детето, а остатокот е препуштен на генетиката. Но, исхраната на мајката за време на бременоста може да влијае и врз висината на детето.

Истражувањето објавено во „Журналот за епидемиологија и здравје на заедницата“ покажало мала поврзаност помеѓу внесувањето на витамин Ц, магнезиум и железо од мајката за време на бременоста и висината на детето. Интересно е што луѓето всушност најбрзо растат во првите девет месеци од зачнувањето, односно во утробата на мајката. По раѓањето, детето брзо расте до 2-годишна возраст, а потоа 5 см годишно. Околу 18-тата година растот постепено почнува да престанува, па прво престануваат да растат дланките и стапалата, потоа рацете и нозете, а последен е ‘рбетот. Пресметајте ја очекуваната висина на вашето дете со помош на калкулаторот на овој линк и доколку забележите знаци на забавен раст, консултирајте се со лекар.

Автор: Ема Јуриќ

Извор



912

X