Образование

MОН: Свидетелствата да се даваат во септември

Mинистерството за образование и наука им препорачува на училиштата, доделувањето на свидетелствата да го одложат за септември.
Од МОН кратко ни изјавија дека ова се препорачува за да се избегне метеж и близок контакт на учениците поради пандемијата со коронавирусот.

– На оние ученици на кои ќе им биде потребно свидетелство поради префрлување во друго училиште или од дриги причини, потребно е да се јават во службите на училиштата за да им го издадат – велат од МОН.

Оттаму, исто така уште еднаш потенцираат дека училиштата не смее да наплаќаат за издавање на свидетелства бидејќи тие се бесплатни.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top