На прашањето дали децата што не ги примиле вакцините според редовниот календар за вакцинација во земјава ќе бидат запишани во прво одделение, не добивме прецизен одговор од Министерството за образование и наука (МОН). Училиштата ги примија документите за овие деца, но тие не се запишани во прво одделение. Учебната година почнува в понеделник.

– Согласно одлуката на Владата донесена во текот на месец мај, основните училишта ги примаат документите за упис на првачиња, но се запишуваат само тие со потврда дека ги примиле задолжителните вакцини. Досега се запишани околу 19.400 ученици во прво одделение (податокот не е целосен, недостигаат извештаи од неколку општини). Министерството за образование и наука е во постојана комуникација и координација со останатите надлежни институции во врска со ова прашање и доколку се оцени дека е потребно, ќе биде спроведено и теренско вакцинирање онаму каде што состојбите го наложуваат тоа – стои во одговорот што го добивме од МОН.



912

X