Образование

МОН: На 23 април и 7 мај ќе има настава, но во училиштата каде што ќе се гласа часовите ќе завршат во 11 часот

Наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат  плановите за организација на работата на основните и средните училишта. Иако гласањето во рамките на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал.

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7:00 до 11:00 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде што не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред.

Потсетуваме дека наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.  

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top