Џулијана Томас неодамна сподели видео од нејзината свадба на „Тик-ток“, поточно моментот кога нејзините мали внуци пристигнуваат за важната задача – носачи на прстените. За да додаде малку забава, Јулијана и родителите на момчињата се согласиле дека ќе ги донесат прстените на церемонијата облечени како „силни обезбедувачи“, носејќи специјални куфери со ознака „Обезбедување за прстени“.
Момчињата ја сфатиле својата задача многу сериозно – едно од нив дури носи темни очила за да изгледа уште поубедливо. Нивниот влез ги насмеал и воодушевил сите гости, и веднаш ја подигнале атмосферата. Видеото станало вирално за само четири дена, собирајќи повеќе од 16,5 милиони прегледи.
Јулијана на шега напишала во описот на видеото:
-Гледна точка: Обезбедувањето за прстени ја украде претставата.
Можете да ја погледнете целата сцена подолу.
@julianapage POV your ring security stole the show 🤣💼💍😎
♬ Bad Boys (Theme from Cops) – Inner Circle