Врската меѓу малите браќа и сестри е едно од најтрогателните нешта што можете да ги видите, а мајката Џејми Џин Дун е сведок на тоа секој ден. Нејзиниот син е целосно воодушевен од својата мала сестра и едвај чека таа да се разбуди за да помине време со неа.
Џејми споделила видео на својот профил на „Тик-ток“ кое го прикажува симпатичниот момент кога момчето возбудено седи до сестра си, ѝ посакува добро утро, ја прегрнува и ѝ кажува колку ја сака. Таа додала едноставен, но трогателен опис на видеото: „Ги броиме минутите додека не се разбуди“.
Порака до сите родители што очекуваат второ дете
Џејми сакала да ги охрабри родителите кои се загрижени за доаѓањето на второто дете со видеото, истакнувајќи колку блиска и топла може да биде врската меѓу браќата и сестрите.
-Ако очекувате второ дете и сте загрижени, еве како ќе изгледа вашата иднина – рекла таа во објавата.
Видеото брзо станало вирално, собирајќи повеќе од 1,3 милиони прегледи и над 200 илјади лајкови.
@jamiejeanduhn he counts down the minutes until she’s awake 🥺 #siblings #babies #toddler #pregnancy #motherhood ♬ original sound – Tommy de Bourbon