Воспитување

Момче со аутизам од Србија го освојува светот: Доби награда за цртање и стана ѕвезда на социјалните мрежи

Виктор Беванда (16) е момче со аутизам кое со своите цртежи го освојува светот. Тој е роден во Србија, но со семејството се преселил во САД во 2018 година и оттогаш има помал успех кога станува збор за цртањето.

Почнал да црта кога имал две-три години, но неговите родители сфатиле дека е талентиран околу петтата година. Токму тоа е периодот кога на Виктор му бил дијагностициран аутизам.

Ова момче е делумно вербално, односно зборува, но не многу, а од друга страна брилијантно комуницира преку уметноста што ја создава. Колку е успешен во цртањето, доволно говори и фактот дека во 2024 година ја освои наградата „Еми“, но и тоа што стана ѕвезда на социјалните мрежи со речиси милион следбеници на „Инстаграм“.

Како и со многу други деца, со текот на годините во неговите цртежи е забележливо влијанието на некои ликови од цртаните филмови што ги гледал, а неговата мајка се присетила и на една ситуација од 2020 година кога пандемијата на ковид-19 беше во полн ек.

-Сакав да видам дали можам да ја насочам неговата уметност во различни правци, па му покажав неколку слики и го замолив да избере која да ја нацрта. Резултатот беше вистинско чудо на хартија. Она што, исто така, е неверојатно е леснотијата со која тој го прави тоа, речиси автоматски прави потези и избира бои без никакво двоумење или размислување – рекла мајката.

Виктор денес работи најмногу со маслени пастели, а неговите цртежи се карактеризираат со прекрасни комбинации на светли бои. Тој црта различни теми, од пејзажи, подводни сцени до портрети, но можеби најзабележителни се неговите цртежи на животни.

-Тој ги гледа работите многу поубаво од нас – изјавил неговиот брат, можеби најдобро објаснувајќи што се „крие“ зад овие прекрасни цртежи.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top