Момче со аутизам кое не сака да го допираат, по раѓањето на неговата помала сестра почна да се опушта.
На тик-ток профилот на Алексеј Џеј се појави видео кое собра над 10 милиони прегледи, а на кое се гледа дека нејзиниот син полека учи да ужива во допирите и прегратките на својата помлада сестра.
Џеј го снимила нејзиниот син како првично ѝ дозволува на сестра си да го допира додека си игра покрај него. Секогаш кога таа ќе го допре, тој ја гледа нејзината рака, но сепак не отстапува.
– Нашиот син има аутизам и не сака да го допираат – пишувај во описот на видеото на кое момче скептично гледа во својата сестра
Со текот на времето, момчето станува поопуштено во близина на неговата сестра, па лежи до неа и ја пушта да го прегрне.
„Таа му треба и е неговата мотивација“, „Дури и мојот аутистичен син не сакаше допири додека не доби сестра. Таа го разбуди“, коментираат луѓето, трогнати од емотивната сцена.
Многу деца со аутизам се борат со сензорна обработка, но тие треба нежно да бидат предизвикани на забавен и разигран начин, како во ова видео. Ова ќе им помогне да научат важни вештини и механизми за справување.