Интернетот е полн со слатки детски видеа, но повремено се појавуваат такви што навистина нè трогнуваат. Токму тоа се случило кога Ванеса Мекнил споделила снимка од разговорот со сопствениот син. На видеото момчето влегува во собата и вели: „Ќе ѝ кажувам на мајката за тебе“.
Мекнил изненадено го прашува: „Која мајка?
Тој одговара: „На мајката со која ќе се оженам… некоја непозната. Кога ќе пораснам, ќе ѝ зборувам за тебе, за тоа кога сум бил мал“.
И токму кога ќе помислиш дека тој веќе те скршил, продолжува:
„Ќе ѝ кажам дека беше многу добра и дека те сакав. И дека правеше убави работи. Понекогаш и се расправав со тебе… иако и натаму те сакам“.
Детската искреност лечи.
Тие неколку реченици го опфаќаат она кон што сите ние се стремиме како родители, а тоа е нашите деца да нè гледаат, да нè паметат и да нè сакаат, и покрај нашите грешки. Тоа е емоционална зрелост која често дури во возрасната доба се обидуваме да ја достигнеме, а ова малечко дете веќе ја покажува.
Коментарите под видеото покажуваат колку луѓе биле трогнати од оваа срдечна детска изјава: „Пушти го ова видео на неговата свадба. Ако неговата сопруга не плаче, прекини ја венчавката“, се вели во еден од коментарите.
Watch on TikTok
Емоционалниот труд има смисла
Мекнил, која вообичаено јавно зборува за лекување трауми и кршење на токсичните обрасци, со ова видео покажува дека родителството значи да работиш на себе, да се извиниш кога правиш грешки и да научиш да поставуваш граници кои самиот си ги немал. И понекогаш се прашуваме дали сето тоа има смисла. Ова момче јасно покажува дека има. Секој труд, секој нежен збор – сè останува запаметено.