Игротека

Момче одлучило да го „посети“ својот татко во рајот: Мајката се расплакала кога открила што спакувало

Ешли Ирвин е мајка која често споделува клипови на „Тик-ток“ во кои зборува за предизвиците со кои секојдневно се соочува. Таа најмногу се занимава со проблеми со тагата и ментално здравје, а со едно од последните видеа расплака многумина.

Во видеото, кое собра 4,8 милиони прегледи, таа зборува за тоа дека нејзиниот син решил да го посети својот татко во рајот, па затоа ја спакувал неговата торба со Спајдермен.

– Кога ја видов спакуваната торба, го прашав каде планира да оди. Ми рече дека утре го чека големо патување – вели таа на почетокот.

Збунета, мислела дека момчето сака да оди на миса во црква.

Момчето ѝ открило дека планира да го посети својот татко во рајот.

Ирвин потоа ја отворила торбата. Момчето спакувало костим за суперхерој, свирче, топка и две нови бејзбол-ракавици.

Покрај играчките, тој го спакувал и првиот паричник на татко му, полн со семејни фотографии, пар мокасини и колонска вода.

– Секогаш кога мојот покоен сопруг и син ми одеа на пат, тие се враќаа со цвеќињата што ги собраа. Сигурно и мојот син ќе го стори истото утре – заклучила низ солзи.

– Ова е и најтажното и најубавото нешто што сум го видел – искоментира еден интернет-корисник.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top