Момче од провинцијата Џиангсу во Источна Кина се обидело да се извлече од пишување домашна работа кажувајќи ѝ на мајка си дека не може да престане да плаче поради алергијата.
Минатата недела момчето пишувало домашно, но наеднаш му се слошило и како што се гледа на сликата, држи марамче преку носот во обид да го оправда своето тврдење дека едноставно има алергиска реакција на домашните задачи.
– На што си алергичен? – го прашува неговата мајка.
– Алергичен сум на мирисот на книгите – одговара момчето.
– Дали сакаш да кажеш дека не можеш да ги пишуваш домашните задачи? Како можеме да ги олесниме твоите симптоми? – го прашува мајка му.
Момчето не одговорило веднаш, наместо тоа, го ставило марамчето во носот. Веднаш потоа почнало да кива. Кога мајка му му предложила да одат во болница, тоа одбило.
– Престани да се преправаш и земи го пенкалото! Зошто немаше алергија во последните 5 години, туку оваа година одеднаш ти се појавија симптомите? – му вели неговата мајка.
– Затоа што тоа беше периодот на инкубација – одговара момчето.
912