Игротека

Соучениците го исмевале поради љубовта кон книгите. Но, добил поддршка од познати автори и 300.000 следбеници

Тринаесетгодишниот Калум Манинг неодамна почнал да оди во ново училиште во Саут Шилдс, Велика Британија. Но, наместо топло добредојде, тој морал да се соочи со исмејување.

Кога неговите соученици го откриле неговиот инстаграм-профил, почнале да го исмејуваат во групен онлајн-разговор поради неговата љубов кон книгите што ја покажува токму на неговиот профил.

Неговата постара сестра Елис Ландерт дознала за тоа. Таа на својот твитер-профил напиша дека не можела да поверува колку се ужасни некои луѓе.

И тогаш се случило нешто прекрасно. Нејзиниот пост станал вирален, добивајќи над 188.000 лајкови и привлекувајќи многу поддржувачи.

Читајте им на децата пред спиење за да се намали стресот што го насобрале дента

Познати автори, вклучувајќи ја и омилената авторка на Колин, Каролин Кепнес, почнале да му испраќаат пораки за охрабрување, понудувајќи му да му испратат копии од нивните книги. Прекрасните реакции го охрабрија момчето и ја зголемија неговата љубов кон книгите. Пред твитот Калум имал само 40 следбеници, а сега неговиот профил брои над 300.000 следбеници.

 

– Не можам да поверувам колку се ужасни децата. Мојот помал брат направи инстаграм-профил каде што рецензира книги и зборува за нив, а децата од неговото ново училиште направија групен разговор нарекувајќи го чудак и го додадоа во групата за да може да види што зборуваат за него.

– Ви благодарам за неверојатната поддршка. Неверојатно е што толку многу луѓе се грижат. Барем има добри луѓе во светот, а тие луѓе сте вие. Ви благодарам, многу ми значи.

 

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top