Двегодишниот Адријан Мичалек и неговиот најдобар пријател – јоркширскиот териер Меди се најдобри другари. Тие ги воодушевуваат инстаграм-корисниците со прекрасни фотографии од нивните секојдневни авантури.
Гордите родители Шон и Лео од Беркшир почнале да ги објавуваат магичните фотографии кои ја раскажуваат приказната за нивното пријателство, а бројот на инстаграм-следбеници расте секој ден.
– Адријан и Меди заедно патуваа низ Велика Британија и Франција. Меди е неговата сенка и заштитничка. Постојано го следи. Заедно играат во дворот, се возат во неговиот минијатурен автомобил и се галат додека гледаат филмови – вели мајката на Адријан.
– Одлучивме на „Инстаграм“ да ја споиме љубовта кон патувањето и авантурите на нашиот син и нашето куче. По 12 месеци ја заобиколивме цела Велика Британија и продолживме да снимаме на нови локации. Тогаш нивната приказна и врска почна да добива форма – додава Шон и истакнува дека е среќна што за нивната работа добиваат комплименти од многу луѓе.