Има многу совети, упатства и препораки како да го смирите расплаканото бебе. Но, кога сè ќе падне во вода, кога мајката ќе почне да ги губи нервите, тогаш е време таткото да го земе бебето в раце и да ја покаже вистинската моќ на прегратката. Нема поубаво чувство од тоа кога совршената мала глава лежи на вашите гради, кога обравчињата ќе се допрат до вашите, а бебето задоволно спие. Но, пред тој совршен момент на смиреност лежи цела една низа на напнати моменти! Плач… дали дали бебето е гладно или не, што се случува, да се јавам кај педијатарот, како да постапам?
Како татко, пред сè, треба да му дадете на вашето бебе среќна мајка, да ѝ помогнете кога ѝ треба, било да е тоа миење садови, готвење додека дои. Топлата прегратка што ќе му ја дадете на вашето бебе во тој момент ќе го поттикне вашето тело да го произведе хормонот на среќата – ендорфин, а истото ќе почне да се случува и кај вашето бебе.
Во моментот кога ќе го прегрнете вашето бебе, ја задоволувате вашата психолошка потреба детето да се чувствува безбедно и сакано, а бебето ќе ја придружува вашата реакција со (ентузијастички) прекин на плачењето и (со надеж) спиење на вашето рамо. Истражувањата покажале дека вашето бебе ќе ви помогне да го подигнете од креветчето кога ќе почне да плаче стискајќи ги мускулите на телото за полесно да го подигнете. Таков однос настанува поради љубовниот хормон – окситоцин. Вашата прегратка ги стимулира чувствителните точки на нежната кожа на бебето. Овие точки се поврзани со мозокот, па кога бебето ќе ја почувствува вашата прегратка, мозокот испраќа сигнали до телото да го ослободи хормонот на среќата. И тоа е истиот хормон што ве натерал да се заљубите во вашиот партнер!
Кожа на кожа
Хормонот окситоцин им овозможува на паровите, но и на родителите и децата да се зближат, да се развие интимност и љубов, а исто така го активира и домино-ефектот на цела низа здравствени придобивки. Навистина, медицинската професија одамна ја препознала важноста на блискиот контакт за здравјето на новороденчето. Затоа е важен, на пример, контактот кожа на кожа, кој мајката го има со детето при породувањето. Контактот кожа на кожа мајката редовно ќе го остварува со бебето за време на доењето, а татковците се охрабруваат да ги поставуваат децата колку што е можно повеќе на градите.
Хормоните се виновни
Прегратката, веќе утврдивме, е толку моќна што ќе го смири расплаканото бебе. Но, дали знаевте дека гушкањето може да го поттикне растот на бебето? Едно истражување покажало дека предвремено родените бебиња што имале близок контакт со своите родители за време на нивниот престој во инкубатор растеле 47 % побрзо од оние што немале. Допирот е многу важен за малите бебиња, но и за сите деца!
Мозокот на целата операција
Мозокот на вашето бебе се развива најбрзо во првите три години од животот, а прегратките од таткото ќе му помогнат да прерасне во емотивно и ментално здрава личност. Секојпат кога вашето дете ќе помине низ нова ситуација која предизвикува непознати емоции, прегратката на тато ќе помогне да се создаде начин да се доживее таа емоција. На пример, кога вашето дете се плаши од куче што лае, прегратката на тато ќе му помогне да се чувствува безбедно и заштитено. Имено, мозокот работи со учење преку искуство, така што искуствено вашето дете ќе знае дека не треба да се плаши од кучето бидејќи „тато“ е секогаш тука.

Хормоните се виновни
Исто така, бебињата и малите деца што редовно биле гушкани од двајцата родители, особено од татковците, покажале пониски нивоа на стрес во текот на нивниот живот од другите деца. Тука повторно виновникот е окситоцинот. Ослободувањето на окситоцин во телото го намалува нивото на хормонот на стрес – кортизол. Кога ќе го прегрнете вашето малечко, тоа се чувствува безбедно, сакано и среќно. Ова значи да се одгледува дете кое не е анксиозно затоа што знае дека мама и тато се секогаш тука. Намалувањето на нивото на кортизол и зголемувањето на окситоцинот ќе го направат бебето да спие подобро. Сега се враќаме на почетокот на приказната кога бебето ја потпира својата совршена мала глава на вашите гради.
Прегратка
Преку прегратката вашето бебе ќе научи да биде сакано, безбедно и заштитено од сѐ што може да му наштети. И со текот на годините преку прегратките ќе научи што значи родителска љубов и како да ја покаже таа љубов на другите. Прегратките ќе го научат вашето дете како да се справува со предизвиците на светот и растењето, како да се справува со проблемите, сето тоа затоа што сте му дале доволно самодоверба!