Воспитување

„Мојот сопруг игра видеоигри додека јас се грижам за детето цела ноќ“

Зависноста од видеоигрите не е ретка појава, а освен кај тинејџерите, сѐ поголем проблем е и кај возрасните. Токму на ова се пожалила една мајка, која на форум открила дека нејзиниот сопруг цела ноќ игра видеоигри наместо да и помогне во грижата за нивното дете.

„Нашето дете се разбуди во 5 часот за млеко и го прашав дали може да го нахрани затоа што бев премногу изморена, не сфаќајќи дека тој неодамна дојде во креветот. Освен тоа, бремена сум и едноставно бев премногу исцрпена за да станам таа вечер. Наместо да ми помогне, ме обвини дека сум досадна“, открила мајката која, како што вели, полека го губи трпението бидејќи поради зависноста од видеоигрите, мора сама да ги извршува сите задачи. Таа додала дека неговата зависност од видеоигри трае со години.

„Не дека никогаш не ми помага, но се чувствувам лошо кога секој слободен момент го поминува играјќи видеоигри, а притоа не сака да поминува време со мене или со детето. Осамена сум, па дури и размислувам за развод затоа што многупати му ја изразив мојата загриженост за неговите зависности, но ништо не се менува“, објаснила таа.

Повеќето луѓе биле шокирани од однесувањето на нејзиниот сопруг и ја поддржале.

„Никогаш не би му дозволила на мојот сопруг да го направи тоа. Тој буквално те запоставува тебе, како и неговите родителски обврски. Ако не сака да одвои време за тебе, не ја гледам целта на таков брак“, е еден таков коментар.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top