Многубројните обврски и сѐ поактивниот начин на живот честопати нѐ тераат да ги менуваме секојдневните навики и да се навикнуваме на една нова, поинаква динамика. Нашите шопинг-навики секако не се имуни на ова, па практиката наречена „one-stop-shopping“ станува сѐ попопуларна во нашите животи.
Дрогериите на dm во нашата земја се совршеното место за one-stop-shopping. Со својот асортиман од повеќе од 14.500 производи за нега и убавина, органска храна и додатоци, сѐ за вашето бебе, па сѐ до производи за вашиот дом и нега на вашите алишта, dm има навистина сѐ што ви треба за вас и вашето семејство.
Докажаниот германски квалитет, сопствените dm марки, најголемата понуда на органска храна и природна козметика, поволните цени, сеопфатен асортиман и љубезни вработени се само едни од работите што години наназад го прават dm она што e… пријател на целото семејство… Ваше место за сѐ што ви треба!
Сѐ за мојата нега и убавина!
Кога станува збор за нега и убавина, едно место посебно се одвојува од другите – dm!
Одржувањето на убавината и негата е предизвик на секој од нас. Понудата на dm опфаќа неверојатен број на производи од сегментите на шминка, нега на лице, коса и тело, велнес-производи, за мажи и за жени, како и производи за заштита од сонце.
Најголем понудувач на органска храна на нашиот пазар со повеќе од 400 органски производи.
Како верен поддржувач на здравиот начин на живот и здравите навики, dm постојано работи на проширување на понудата на органска храна и додатоци во исхрана кои придонесуваат за совршен баланс во исхраната. Во рамките на понудата, покрај многубројните брендови, ја има и dm марка Mivolis, која нуди висококвалитетни додатоци во секојдневната исхрана како шумливи таблети и витамини.
Сѐ за моето бебе!
Во dm дрогерии можете секогаш да најдете сѐ што ви е потребно за нега, хигиена, пелени, прибор и исхрана за вашите најмали. Познатите и висококвалитетни брендови како babylove, dmBio, Pampers, Chicco, Avent, Becutan и многу други ви се секогаш на дофат на дланка.
Сѐ за мојот дом!
Нашиот дом е наше „царство“ –место каде што можеме да се релаксираме и да уживаме. Затоа и се грижиме за него. Негата и хигиената на домот и нашите алишта се честопати предизвик за секого. Не повеќе! Со само една посета на најблиската dm дрогерија, вие можете да пронајдете сѐ што ви е потребно за чист и уреден дом, како и сѐ за совршена нега на вашите алишта.
(Комерцијална објава)