Воспитување

Моето тело е за моите деца

Моето тело е за моите деца.
⁣Моите раце се за нив, за да се завиткаат во мојата прегратка,
за да го нишаат моето новороденче додека не заспие
и за да го носам моето дете и да ги туркам моите деца на лулашките.

Моите нозе се за нив, за да се качувам и да трчам со нив низ паркот,⁣⁣
за да ме држат исправено цел ден и да ме одржуваат во движење, без разлика на сè,

Моите брчки се нивни, од ноќите поминати будна, чувствувајќи ги нивните мали стапала на мојот грб,⁣⁣ и од раните утра поминати во играње со играчките диносауруси кога сè што сум сакала било да спијам.

Моите уши се за нив, за да ги слушам првите нивни зборови и бескрајните приказни.

Моите усни се за нив, за да ги бакнувам кога нешто ги боли,⁣⁣
и да ги потсетуваат колку се сакани.

Телата на мајките имаат целулит, стрии и опуштени стомаци, НО прават толку многу. И последното нешто што секоја мајка треба да го почувствува по раѓањето на своето дете е омраза кон телото кое ѝ помогнало да го роди.

Но, ова е нормално за култура која очекува совршени тела од жените, без разлика што се случува во нивниот живот.

Ова е вашиот потсетник дека нашите тела се за нашите деца.

И погледнете што направивте за нив – тоа тело ги донесе на овој свет,
направи магија и стана нивен дом.⁣⁣

Па мислам дека е време да научиме повторно да ги сакаме нашите тела.

Автор: Ро Б. Лундберг

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top