„Мила, тргни ги тие ножици од масата“.

„Ах, еве…“

Пет минути подоцна.

„Ножиците, ти реков“.

„Евеее…“

Десет минути подоцна:

„Зарем не ти реков да ги тргнеш тие ножици!? Уште колку пати треба да повторам?! Зошто ме игнорираш?“

Расплаканото дете ги става ножиците настрана.

Крај на сцената.

Познато ви е, нели? Повеќето родители многу често ги доживуваат овие сцени. И навистина, во повеќето случаи не ни е јасно зошто? Значи, дали децата сакаат да им викаат? Зарем не им е полесно да нѐ послушаат и да избегнуваат такви ситуации? Секако дека е полесно. Но, трикот е во тоа што децата не знаат кога го мислите она што сте го кажале, ако не го мислите секојпат. Децата не го прават тоа намерно. Секако дека не им се допаѓа кога им викате, но едноставно не можат да ве сфатат сериозно ако не сте го мислеле тоа што сте го кажале.

Ова се двете најчести причини зошто вашето дете ве слуша само кога викате.

Грешка 1. Сте го повикале детето да направи нешто од друга соба или само додека сте поминувале

Ги виткате алиштата во собата, истовремено разговарате на телефон и го повикувате детето што е во другата соба да ги земе играчките. Шансите да го стори тоа се речиси невозможни. Затоа што вашиот пристап кон ситуацијата е лежерен и детето не може да ве сфати сериозно. Ако сакате вашето дете да ве слуша, повикајте го кај себе или влезете во просторијата каде што е детето, воспоставете контакт со очите и кажете што сакате да направи.

Грешка 2. Не сте доследни

Многу често ја водам оваа битка со мојот сопруг. Ќе им каже на децата додека поминуваат да стават нешто настрана. Ќе каже втор пат. Третиот пат веќе вика. Следниот ден ситуацијата повторно е иста. Ќе им каже на децата да остават нешто. Нема да го сторат тоа. Но, овој пат тоа ќе го направи сам. Затоа што нема енергија за уште една битка или едноставно е расположен за сето тоа да не му пречи. И понекогаш е навистина полесно така.

Во такви ситуации децата добиваат збунети пораки. Заради истото, таткото денеска експлодира, утре не кажува збор. Ова е ситуацијата кога нашите реакции зависат од нашето расположение и очекуваме детето да разбере, оцени и да постапи соодветно. А ни возрасен маж не може да го направи тоа.

Како да послушаат?

Едноставно – секогаш размислувајте што барате. Секогаш останете доследни. Не реагирајте на исти работи на еден начин денес, а на друг начин утре. И кога ќе побарате од детето да направи нешто, не правете го тоа „патем“, туку дајте му до знаење дека навистина сте го мислеле тоа. Со јасна, нагласена реченица и ако е можно, со контакт со очите.

Извор



912

X