Воспитување

Мое слатко бебе, те избирам тебе пред домашните обврски

Денес имав многу планови како да го поминам попладнето. Извршување на задачите, чистење и се разбира – да ги испратам децата да играат додека го правам тоа. А потоа… живот. Живот на мајка, можеби сте го искусиле тоа. На бебето му бев потребна. За жал, не е малечко бебе – нема веќе вистински бебиња во нашиот дом. Но, она што не го сфаќате кога започнувате со ваков живот е дека иако тие бебиња растат, сè уште сте им потребни.

Видов дека моето бебе ме чека во мојот кревет кога влегов во собата. Имав визии да украдам време за себе тоа попладне, но еден поглед на нејзиното лице беше доволен за да знам. Плановите за денес ќе почекаат. Барем во овој момент.

Бидејќи ѝ бев потребна. Ништо не беше погрешно, но ништо не беше и правилно. Тоа ме врати во деновите кога ја држев како бебенце, она бебе на кое му менував пелени, го хранев и го тешев и по сите правила треба да биде задоволно, но сепак не е. Сега знам дека тоа не е само бебешка, туку и човечка работа. Да имаме вакви моменти, денови и периоди. Ѝ бев потребна да ѝ ги избришам солзите и да ѝ го тријам грбот, како и да земам марамчиња и вода и само да ја оставам да се припие до мене за да може да спие и да се одмори. Ѝ бев потребна да ја ставам пред миењето садови и обврските и задачите од листата.

Едноставно, ѝ требав јас. Каков огромен благослов е да се биде потребен некому. Па Ѝ го триев грбот и ја галев по косата додека не заспавме двете. Времето сопре тоа попладне, но истовремено и продолжи да тече иако ние не го исполнивме со никаква активност.

Па така, перењето облека ќе се изврши доцна навечер, а садовите од ручекот не се измиени и речиси е време да се направи вечера, а никој не ја искоси ни тревата во дворот. Но, моето бебе го има она што му е потребно, а исто и јас.

Морам да бидам нејзина мајка ова попладне. Морам да бидам нејзина мајка и да се грижам за неа кога љубовта е навистина она што ѝ беше потребно. Морам да бидам нејзина мајка и да ја сакам и да направам да ѝ биде подобро со самото тоа што сум покрај неа. Колку е тоа неверојатно, зарем не?

Треба да бидам нејзина мајка.

И нема ништо од листата со обврски што може да се натпреваруваат со тоа, зарем не, мои пријатели? Мое слатко бебе, денес те избрав тебе пред обврските. И тоа ја прави сета потребна разлика.

Автор: Ејми Бетерс – Мидтведт

Извор

Поврзани написи

To top