Ако детето прво каже „тато“, тоа може да биде деморализирачко за мајката, но експертите велат дека тоа не треба да се сфаќа лично. Имено, тоа не мора да значи дека детето покажува наклонетост кон таткото.

-Првиот збор е главно поврзан со она што бебињата најмногу го слушаат – вели логопедот Стефани Коен.

Постојат и други причини поради кои бебињата би можеле да кажат „тато“ пред „мама“, што немаат никаква врска со родителското претпочитање. Коен истакнува дека бебињата често повеќе слушаат „тато“ затоа што мајките повеќе зборуваат за своите партнери отколку за себе.

Во некои случаи, бебето воопшто не зборува со ниту еден родител, туку само се обидува да испушта звуци.

Постои и теорија дека „тато“ е полесно да се каже, но има полемики околу ова. Рускиот лингвист Роман Јакобсон открил дека на бебињата им е полесно да изговараат „м“ бидејќи тоа обично го прават кога цицаат. Ова го оспорува експертот по лингвистика Брејн Московиц, кој тврди дека носните звуци како „м“ се потешки за изговарање.

Во секој случај, ако се прашувате како да се обидете да го натерате вашето дете да каже „мамо“ наместо „тато“, Коен советува да користите забавни методи.

-Кога ќе пиете вода или сок пред вашето дете, кажете „ммм“. Бебињата сакаат звучни игри. Можете да покажете и со устата како да го изговорите звукот „м“. Детето ќе ве гледа и ќе се обиде да го прави она што го правите и вие – заклучила таа.

Извор



912

X