Игротека

Млади дизајнери ќе се едуцираат по крој на светските трендови

„Секое дете е уметник. Проблемот е како да остане уметник кога ќе порасне.“ Оваа мисла на славниот сликар Пабло Пикасо веројатно е една од најчестите дилеми со кои се соочуваат повеќето современи родители.
Веројатно и вие се прашувате како да пораснете креативно дете, како да го поттикнете и поддржите талентот на своето дете?

Стручните лица најчесто препорачуваат да го охрабрите детето да твори, креира и да размислува самостојно. Но, во креативниот процес често има потреба од едукативни насоки. Со добри, инспиративни совети и примери, често и преку игра и забава, може да се дојде до нови, интересни дела и дизајни.

Секој добар дизајн почнува со уште подобра приказна. Едукативниот центар „Арс Ламина едукација“ од оваа учебна година почнува една таква креативна приказна, по крој на светските трендови за доедукација – воведувајќи ја новата програма „Млади дизајнери“ (Young Designers).

– Станува збор за единствена едногодишна програма во Македонија за графички и моден дизајн, наменета за деца над 8 години. Преку неа учениците ќе се стекнат со основните визуелни, цртачки, моделирачки, развојно-креативни, компјутерски, апликативни и презентациски вештини потребни за областа на дизајнот. Идејата е овие основни вештини да бидат применети во дизајн-проект од областа на графичкиот и модниот дизајн. Сублимат на трудот ќе биде презентацијата на креативните процеси и дела на финалната изложба – велат од едукативниот центар „Арс Ламина едукација“.

Наставната програма за ученици од основните училишта е поделена на пет модули. Ќе се одржува 36 недели (34+2). Една методска единица ќе трае 2 школски часа, односно вкупно 90 минути (еднаш неделно).

– Младите дизајнери ќе учат повеќе сегменти на дизајнот. На почетокот ќе ги совладаат основите на цртањето, а програмата ќе опфати и посета на музеј или галерија, како и настава во природа. Ќе ги учиме основите на дизајн, компјутерски алатки, дизајн-процес (проследен со посета на студио за дизајн). Во рамките на дизајн-проектот ќе има гостување на графички и моден дизајнер. Часовите ќе ги држат професионални ликовни уметници и графички дизајнери – додаваат од едукативниот центар „Арс Ламина едукација“.

Уписите за новата учебна година се во тек. Двата едукативни центри „Арс Ламина едукација“ (во Центар и во Аеродром) и оваа година продолжуваат со голем избор на едукативни програми, современи и креативни курсеви и работилници. Повеќе информации за програмата „Млади дизајнери“ ќе најдете на следниве линкови:

Едукативен центар Арс Ламина едукација, 

Едукативен центар Арс Ламина Аеродром

 

(комерцијална објава)

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top