Воспитување

Мишел Обама сподели важна лекција за тоа како да постапувате со децата

Мишел Обама добро се забавува. Во нејзиниот нов поткаст, „The Light Podcast“, поранешната прва дама разговарала со Хода Котб за тоа зошто толку многу ужива во оваа фаза од животот.

„Не се чувствував како да сум дошла на своето до 50-тите години. Една од причините е што сега сум на другата страна на родителството. Од мајка се претворам во советничка“, објаснила таа.

Долгогодишното искуство во воспитувањето деца ја научило на важни лекции за тоа како да се однесува со сопствените деца и воопшто со младите.

„На децата не треба да им се кажува што не е во ред“

Обама смета дека родителите се премногу критични кон своите деца. Како што вели, родителите лесно можат да паднат во замката да ги критикуваат своите деца наместо да им кажат колку се среќни што ги имаат.

„Тони Морисон (американски писател) вели дека нашите деца само ја сакаат нашата радост, не им треба ние да ги поправиме. Не треба да укажуваме што не е во ред“, објаснила Обама.

„Ние сме модел кој им го покажува најдоброто од себе“

Обама посочува дека задоволството треба да го прошириме и на децата што не се наши.

„Мораме да внимаваме на начинот на кој комуницираме со младите. Мораме да запомниме дека сите тие се млади луѓе, а ние сме модели кои им го покажуваат најдоброто од себе“, заклучила таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top