Џули Ен Гентер, министерка од Нов Зеланд, има 38 години. Кога почнало породувањето, заедно со својот партнер со велосипед отишла до болницата во Оукланд зашто во автомобилот немало доволно место.
Џули, која била во 42. недела од бременоста, вели дека главно се возела по удолница. На патот кон болницата на својот инстаграм-профил напишала:
„Прекрасно неделно утро за возење велосипед кон болница, за провокација по која најпосле ќе го родам ова бебе. Тоа е тоа, посакајте ни среќа! Мојот партнер и јас тргнавме со велосипеди зашто во автомобилот немаше доволно место за екипата за поддршка… но поради тоа, сум одлично расположена“.
Џули е член на Зелената партија, а освен министерските должности, таа е и портпарол на министерот за транспорт.
Пред неколку недели премиерката на Нов Зеланд се врати на работа по само еден и пол месец од породувањето.
Парламентот на Нов Зеланд наводно прави игротека во која ќе престојуваат децата на политичарите, додека нивните родители работат.