Воспитување

Мини енциклопедии за деца во „Просветно дело“

Најнови наслови во издание на ПРОСВЕТНО ДЕЛО се две мини енциклопедии наменети за деца над 6 години. Станува збор за ЧОВЕЧКО ТЕЛО и ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА.

ЧОВЕЧКО ТЕЛО е издание што треба секое дете да го има во својата библиотека. Детето од мали нозе треба да се запознае со функционирањето на човечкото тело во целина, или одделно со органите и со нивната функција. Опфатени се сите сегменти од телото, почнувајќи од коските, мускулите, сетилата, работата на срцето, крвотокот, мозокот и нервниот систем, органите за варење, забите и нивната хигиена, органите за дишење, уринарниот систем, кожата, исхраната и спиењето.

Сите овие содржини се накусо презентирани така што за децата на возраст од 6 до 9 години не само што ќе бидат интересни туку и лесно разбирливи. Ќе ги дознаат основните информации и функции на сетилата и органите, ќе можат да стекнат јасна визуелизација преку илустрациите кои се едноставни и не се оптоварени со детали. Таквиот спој на кратка содржина и впечатлива илустрација е лесно прифатлив за секое дете.

* * *

ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА има за цел да ги запознаеме младите читатели каква планета е нашата планета, како функционира, каков е нејзиниот состав, а потоа да ја разбудиме свеста во нив дека мора многу да се грижиме за неа.

Опфатени се куси содржини, почнувајќи од тоа каде се наоѓа Земјата во Сончевиот Систем, каква е внатрешноста на Земјата, што се вулкани, како настануваат земјотресите, колкави водни површини има (океани, мориња, езера, реки…),што се тоа планини, шуми, пустини, како и содржини за климата и климатските промени на Земјата.

Стилот е ненаметлив бидејќи станува збор за детска сликовница, а фокусот е ставен на основните информации и ништо повеќе. Сето тоа е дополнето со впечатливи илустрации во крупен план со што се создава нераскинлив спој на содржината со сликата. Така, на детето му е и полесно да ги запомни информациите што ги чита од сликовницата. Ја препорачуваме за секое дете да ја има во сопствената библиотека!

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top