Децата на родители што доживеале траума во детството може да се соочат со ризици поврзани со нивното здравје – покажуваат најновите истражувања на американскиот Универзитет „Дрексел“
Добро е познато дека несаканите искуства од детството на луѓето може да имаат сериозни последици врз здравјето на нивните најблиски – вели проф. д-р Фелиз Ле Шербен од Универзитетот „Дрексел“.
Консумирање штетни супстанции, боледување од депресија и хронични болести, како што се кардиоваскуларните болести, се дел од ризиците што може да создадат последици кај детето.
Студија објавена во списанието „Педијатрија“ во Филаделфија вели дека негативното искуство на родителите придонесува за поголема изложеност на нивните деца на насилство или дрога.
„Сепак, рано дејствување, наоѓање начини на спречување на штетните последици и помагање на оние што ги доживеале може да резултира со повеќе бенефити на идните генерации“, додава Ле Шербен.
Најголемите трауми на родителите што ги доживеале во нивното детство се: биле сведоци на насилство (да гледаат убиен човек, човек избоден со нож или тепан), живееле со проблематичен алкохоличар или консумирач на дрога, доживеале расна дискриминација или, пак, сексуално или физичко насилство.
Истражувањата покажуваат дека дури 80% од родителите се соочиле со некаква трагедија. Колку е поголема траумата што родител ја преживеал како дете, толку е поголема веројатноста неговите деца да имаат лоша здравствена состојба или лоши здравствени навики.
„Важно е да ги знаеме начините на кои родителите можат да им наштетат на своите деца за да можеме да ги минимизираме потенцијалните штети“, препорачува Ле Шербен.
Исто така, важно е да се осознае повеќе за факторите што ги предизвикуваат овие трауми со цел да им се помогне на родителите и на децата полесно да ги поминат потенцијалните закани.