Игротека

Милион деца медитираат за мир

Милион деца се приклучија на годишниот будистички настан за медитација наречен „В-стар чејнџ д ворлд“ во храм во близина на Бангкок, Тајланд.

Се верува дека кога овие деца цел ден медитираат заедно, тоа ќе го промени светот.
Децата се собираат еднаш годишно за молитва и медитација со надеж дека ќе ги излекуваат лузните што човештвото ѝ ги нанело на планетата Земја. Глетката е неверојатна.

Тие доаѓаат од различни делови на светот. Се собираат пред еден храм со цел да учествуваат во оваа програма, а со желба за мир во светот.

А зошто баш деца?
Едноставно, медитацијата функционира само кај оние што постигнале внатрешен мир, а не кај алчните и корумпираните. Само кај оние со чисто срце и душа. Значи, само за деца.

А зошто баш медитација?

Имено, се верува дека можеме да го промениме светот само со внатрешна работа, како што е медитацијата. Таа е клучна за откривање на целиот потенцијал, разрешувајќи го егото.
И навистина, кога егото ќе се стави настрана и кога фокусот ќе биде насочен на пацифистички мисли, прекрасни работи може да се случат. Во таа енергија на децата сите можеме да веруваме.

Поврзани написи

To top