Воспитување

Мила Кунис го откри својот најголем неуспех како родител

Мила Кунис и нејзиниот сопруг Ештон Качер се многу искрени во поглед на својот живот и семејните активности со шестгодишната ќерка Вајат и четиригодишниот син Димитри. Уште ја помниме последната приказна, кога признаа дека ги бањаат децата само кога ќе видат дека се многу валкани. Нивните родителски хроники не застануваат тука.

Кога била прашана за нејзиниот родителски неуспех, Кунис ја раскажала приказната за Елен Деџенерис во емисијата „Мајчински исповеди“; нагласувајќи дека „ќе ја доведе во неволја“.

Сè започнало со едно девојче кое не се однесувало љубезно кон нејзината ќерка во градинка.

– Мојата ќерка се врати од градинка и рече дека едно девојче ја турнало – ја започнала приказната Кунис, а нејзината реакција била изненадувачка.

– Инстинктивно ѝ реков: Дали ѝ врати со туркање?, а таа рече: Не! – Ѝ реков следниот пат да ја турне и да ѝ каже – Не, благодарам – и да си оди – раскажува Кунис. Нејзиниот сопруг не го поддржал овој совет за „одмазда“.

– Се вртам и го гледам Ештон со израз на лицето кој вели: Нееееее!“

Меѓутоа, тоа не ја спречило Кунис да се држи до својата приказна.

– Понатаму ѝ реков: Заземи се за себе и кажи – Не, благодарам. Не туркај ја од скали, лулашка или лизгалка, но ако сте на земја, турни ја.

Малтретирањето е сериозен проблем за децата, се разбира и на родителите им е тешко да го гледаат своето дете како страда. Но, да се советува детето да возвраќа со туркање, дури и ако му дадете параметри кое туркање е прифатливо, не е најдобра опција.

Кунис заклучила: „Би рекла дека тоа беше мој родителски неуспех“.

Извор

Поврзани написи

To top