Метаболичкиот синдром е комбинација на метаболички нарушувања кои се ризик-фактор за развој на дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни болести. Претерано големиот обем на половината, заедно со одредени абнормалности во крвта, го зголемува ризикот од дијабетес или срцев удар.
Што вели истражувањето?
Во 1947 година д-р Жан Вог инсистирал на важноста во однос на пациентите со прекумерна тежина, на разликата помеѓу телата во облик на јаболко и круша. Неговата идеја била дека колку повеќе килограми се акумулираат во стомакот и горниот дел од телото, толку е поголем ризикот за здравјето.
Од друга страна, доколку облините се поголеми во долниот дел од телото, опасноста е помала. Ова тврдење неодамна било потврдено со истражување спроведено во Канада, кое покажало дека со иста телесна тежина, луѓето со вишок тежина главно во пределот на стомакот се изложени на поголем ризик од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, како и атеросклероза (артериска болест).
Метаболичкиот синдром се карактеризира со следните нарушувања: централна дебелина (во абдоминалната област), хипертензија (висок крвен притисок), хиперлипидемија (покачени нивоа на маснотии во крвта), отпорност на инсулин (отпорност на ткивото на инсулин).
Оваа состојба претходно се сметала за возрасно заболување, но сѐ почесто е присутна кај педијатриската популација. Истражувањата покажале дека речиси 10 % од децата во светот имаат метаболички синдром, со поголема инциденција на возраст од 13 до 18 години. Достапните податоци за соседна Србија, на пример, покажуваат дека 37 % од дебелите деца имаат метаболичен синдром, а другите имаат преметаболичен синдром (зголемен обем на половината и/или друг ризик-фактор, најчесто низок HDL фактор на холестерол).
Карактеристики на метаболичкиот синдром
Главна карактеристика на преметаболичкиот и метаболичкиот синдром е дебелината во абдоминалната област (централна дебелина). За да се каже дека детето има метаболички синдром, неопходно е присуство на три од пет критериуми:
Зголемен сооднос од половината до висината:
-Деца од Европа и САД: ≥ 0,50
-Деца од Азија, Африка и Јужна Америка ≥ 0,46
Висок крвен притисок:
Адолесценти 13-17 години: крвен притисок 1 mmgH ≥ 8 20/80 mmHg
Деца од 6 до 12 години: крвен притисок ≥ 120/80 mmHg
Покачени триглицериди во крвта:
-Возраст 10-17 години: триглицериди ≥ 1,7 mmol/l
-Возраст 6-9 години: триглицериди ≥ 1,25 mmol/l
Гликоза во крвта на гладно ≥ 5,6 mmol/l
ХДЛ холестерол и 1,03 mmol/l.
Ризик-фактори за развој на метаболички синдром кај деца
Ризик-фктор за развој на метаболички синдром кај децата е генетска предиспозиција, а во поголема мера: дебелина на мајката за време на бременоста, седентарен начин на живот, неправилна исхрана, дебелина, отпорност на инсулин, недостиг на витамин Д, недоволно спиење, хронично воспаление, нарушување на цревниот микробиом.

-Важно е да се истакне дека кај метаболичкиот синдром, сложените хемиски процеси резултираат со помало производство на хормонот на среќата, што е уште една причина за зголемена инциденција на депресија и анксиозност кај младите – вели педијатарот Марија Костиќ-Вучиќевиќ.
Превенција на метаболички синдром кај децата
Навремената реакција и превенцијата се многу важни, па затоа, ако вашето дете има стомаче, препорачуваме преглед од педијатар кој ќе го направи следново:
-да ги измери обемот на половината и висината на детето, да го одреди индексот на телесна маса, да го измери крвниот притисок на детето, да направи биохемиски тестови на крвта (со посебно внимание на гликозата), статус на жлездите (процена на функцијата на тироидната жлезда) и витамин Д.
Третман на метаболички синдром кај деца
Третманот на метаболичкиот синдром вклучува промени во животниот стил со зголемена физичка активност и правилна исхрана. Овој пристап бара мотивација, дисциплина и доследност од целото семејство, што понекогаш не е лесно. Меѓутоа, ако знаеме дека овој метод ќе обезбеди најдобар начин за закрепнување на детето, вреди да се вложи секој труд.
Времето поминато во умерена физичка активност било значително поврзано со подобрување на здравјето на срцето и метаболизмот – обемот на половината, систолниот крвен притисок, триглицеридите, HDL холестеролот и инсулинот без оглед на полот, возраста, времето на мерење, времето поминато во седење и обемот на половината.
Во некои ситуации, лекарот ќе треба да вклучи лекови за намалување на крвниот притисок, борба против отпорноста на инсулинот и намалување на маснотиите во крвта. Многу ретко, во најтешките ситуации, најрадикалниот пристап може да се предложи во форма на баријатриска хирургија (хирургија за слабеење), која вклучува различни процедури кои се изведуваат кај луѓе кои се дебели.