Децата од три до пет години што оделе во градинки биле заштитени од астмата
Не постои врска помеѓу градинките и зголемениот ризик за астма кај децата, открива истражување што трае повеќе од 50 години.
Истражувачите од Универзитетот во Сан Франциско и детската болница „Бениоф“ од Сан Франциско анализирале 32 рецензирани студии објавени во периодот од 1964 до 2017 година, во кои биле разгледувани појавите на астма и отежнатото дишење кај децата што оделе во градинка.
Тимот открил дека наместо да се зголеми ризикот за астма, децата на возраст од 3 до 5 што оделе во градинка биле заштитени и имале за 34 отсто помали шанси да развијат ваква состојба.
Тимот исто така открил дека институциите за згрижување деца не го зголемуваат ризикот за астма кај децата од 6 до 18 години, иако не го имале истиот заштитен ефект како кај децата на возраст од 3 до 5 години.
Уверување за родителите
Покрај тоа, истражувачите откриле дека децата на две години што оделе во градинка имале речиси двојно поголеми шанси да доживеат отежнато дишење.
Иако новите наоди потврдуваат некои претходни студии и им противречат на други, првиот автор, Алисија Шварц, вели дека се надеваат дека ова ќе обезбеди некакво уверување за родителите што работат или ги носат децата во градинка.