Познатиот социјален психолог и универзитетски професор д-р Џонатан Хајт неодамна бил гостин во емисијата „Дејли шоу“, каде што коментирал за промените во однесувањето на децата во различни периоди. Поточно, тој тврди дека младите луѓе сè почесто се депресивни и дека тоа има врска со промените што се случија во начинот на растење од 2010 година.
-Нешто се случи на почетокот на 21 век. Мојот аргумент во книгата е „трагедија во два чина“. Првиот чин е губењето на детството, кое се базира на игра. Децата си играа надвор по училиште, никој не ги надгледуваше. Тие мораа сами да научат како да решаваат конфликти и како да се справат со проблемите. Тоа е нешто што децата го имаа илјадници години. Тоа е дел од тоа што значи да се биде цицач – играш, развиваш вештини – вели авторот на „Анксиозната генерација“.
Сè почна да експлодира, тврди тој, кога родителите почнаа да ги „заклучуваат“ своите деца во 90-тите години, спречувајќи ги да излегуваат надвор.
-Го ограничивме она што им беше најпотребно, а тоа е играта, почнувајќи од деведесеттите и сè до 21 век. Но, менталното здравје на младите луѓе не се сруши тогаш, туку кога следуваше вториот чин – детството и растењето со мобилни телефони – додал Хајт.
@thedailyshow "The Anxious Generation" author #JonathanHaidt suggests ways to limit internet exposure to children to ensure they have a healthy childhood #DailyShow #parenting #internet ♬ original sound – The Daily Show
Тој прво истакнал дека во 2010 година сите имале телефони, но тие не биле паметни телефони, немале предни камери, ни интернет ни социјални мрежи.
-Но, до 2015 година сите ги добија овие работи. Одеднаш, сите имаат паметен телефон, предна камера, брз интернет, социјални медиуми, особено „Инстаграм“ на својот телефон. И речиси како некој да притиснал копче во 2013 година, толку многу девојки во Америка и низ целиот свет станаа анксиозни, депресивни и склони кон самоповредување – заклучил д-р Хајт.