Одредени предмети во нашиот дом можат да претставуваат потенцијална опасност за безбедноста на детето, без да го знаеме тоа. Медицинската сестра и мајка на три деца – Ники Јуркуц објавила листа со работи кои можат да бидат многу опасни за децата и кои би требало да ги отстраниме.
Жици и кабли подолги од 20 сантиметри
Како што објаснува Јуркуц во својата објава, жиците и каблите подолги од 20 сантиметри претставуваат голема опасност за детето бидејќи можат да доведат до задушување. Тука спаѓаат полначи за мобилни телефони или лаптопи, ремени и сите видови играчки што имаат јажиња на нив.
Работи што може да содржат вода
Медицинската сестра предупредува дека на детето му се потребни само 20 секунди да се удави и тоа во само неколку сантиметри вода. Затоа е неопходно да се обрне внимание на работите како што се кадата, базенот, па дури и чиниите со вода за домашните миленици.
Предмети што имаат мали батерии
Со тоа што бројот на деца примени во Итна помош по голтање мали литиумски батерии се удвојува во изминатата деценија, педијатрите редовно ги предупредуваат родителите да внимаваат на играчките што ги содржат. Имено, тие предизвикуваат најголема опасност од задушување кај малите деца. Покрај играчките, тоа може да бидат и клучеви од автомобил или часовници.
Топли предмети
Предметите што лесно и брзо се загреваат, како што се тенџериња, пегли или шолји со топла течност претставуваат голема опасност од потенцијални изгореници, кои можат да му остават на детето доживотна лузна. Токму затоа медицинската сестра Јуркуц предупредува дека децата никогаш не треба да се оставаат сами во близина на овие предмети.
Лекови
Покрај тоа што кај децата може да предизвикаат несакани ефекти опасни за живот, доколку ги голтнат, лековите може да доведат и до задушување, поради што секогаш треба да се држат подалеку од деца, предупредува медицинската сестра.