Игротека

Медицинска сестра посвои девојче кое 9 месеци никој не дошол да го побара

Лиз Смит, главна медицинска сестра во детска болница во Брајтон, Масачусетс, отсекогаш сонувала да биде мајка. Дури и по раскинувањето на долгогодишната врска испробала различни начини да го оствари својот сон. Но откако ни вештачко оплодување ни други методи не ѝ помогнале, почнала полека да губи надеж.

– Да станеш медицинска сестра е лесно, но да станеш мајка, не е. Ги потиснав тие желби и се окупирав со работата – раскажува Смит.

Сепак, како што открива во разговорот за „Тудеј шоу“, сè се сменило откако ѝ се приклучила на фрањевачката болница во родниот град.

Еден ден во болницата стигна девојче на кое итно му требаше помош..

Веднаш ја прашав медицинската сестра кој е тој прекрасен мал ангел – раскажува Лиз за својата прва средба со девојчето Жизел.

Имено, бидејќи мајката на Жизел била наркоманка, таа уште во утробата била изложена на влијанието на кокаинот, па откако се родила ѝ била потребна посебна нега за целосно да закрепне. Меѓутоа, нејзините родители воопшто не се интересирале за неа.

Дури пет месеци никој не ја посетил во болница, па за малку ќе ја испрателе во згрижувачко семејство.


Лиз ја однела во својот дом и по 16 часа дневно ја хранела преку посебни цевчиња. Откако со недели така ја хранела, сфатила дека ја ужасува помислата дека може да ја изгуби. Тогаш ѝ станало јасно дека сака на Жизел да ѝ даде дом каков што заслужува.

По девет месеци откако Лиз почнала да ја негува Жизел, државата им ги укинала родителските права на биолошките родители, па се отвори можност Лиз и законски да ѝ стане мајка.

Минатата година тоа се остварило.

Денес Жизел има две години и сè уште се храни преку посебни цевки, но благодарение на љубовта и грижата од Лиз, таа добро напредува и сега сите ја препознаваат по нејзината заразна насмевка.

Поврзани написи

To top