Ники Јуркутц, медицинска сестра која им дава совети на родителите преку инстаграм-страницата „Tiny Hearts Education“, предупреди на можен сериозен здравствен проблем кај бебињата, на кој многумина не обрнуваат внимание.
Таа објави две фотографии од глава на петмесечно бебе барајќи од следбениците да се обидат да ја најдат разликата. На првата фотографија главата на бебето изгледа нормално, додека на втората фонтанелата кај бебето е испупчена, што може да укажува на можен проблем.
Подигната фонтанела бара итна медицинска евалуација – вели таа појаснувајќи дека го користела примерот на бебе кое имало температура од 38 степени.
– Родителите забележале дека фонтанелата е испупчена и отишле на ургентна. На детето му биле дадени лекови и му била дијагностицирана поствирусна транзиторна испупчена фонтанела, за која малку родители знаат. До тоа доаѓа кога се акумулира течност во мозокот или кога мозокот отекува. Понекогаш состојбата е привремена, на пример, кога детето лежи, плаче или повраќа и не е причина за загриженост, но ако продолжи, добро би било да посетите лекар – додаде таа.
– Вообичаени причини за испупчена фонтанела се менингококна, сериозна инфекција и крвавење во мозокот – вели таа.