Воспитување

„Ме тепаат со каиш и ме боли“ – снимка од Белград од 1981 година покажува што мислеле децата за ќотекот

На социјалните мрежи кружи снимка од основно училиште во Белград од 1981 година на која може да се види што мислат децата за ќотекот. Сите кажуваат дека родителите ги тепаат – со каиши, прачки, лажици…

-Мене ме тепаат со стап и тоа многу јако – вели едно дете.

-Мене ме тепа мама и ме тепа каде ќе стигне – вели друго.

На прашањето што мисли, дали тепањето е неопходно, едно од децата одговара: „Па да, кога децата не можат да сфатат нешто, тогаш малку ќе се протресе мозокот и потоа сè сфаќаат“.

Дел од коментарите за видеото се дека за вакво нешто денес би се апсело и би се одземале децата, а други велат дека детето мора да знае каде се границите, како и дека сите тие деца израснале во прекрасни луѓе.

Кое е вашето мислење?

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top