Нина Палмо е социолог која предава и пишува за родителство, образование и слични теми, а и е мајка на две девојчиња. Таа објавила интересна статија за играњето со децата и опишала зошто не сака да си игра со своите деца, па се прашува: „Сакам да бидам мајка која ужива да си игра со своите деца и да се забавува. Зошто не можам да го правам тоа?“
-Не се забавуваме кога играме затоа што јас всушност не играм. Дефиницијата за игра вклучува активност и уживање или одмор. Тоа значи да се прави нешто од радост, а не поради обврска – објаснила таа.
Нина неодамна открила провокативна статија од развојниот психолог Питер Греј, која објаснува дека играта за децата служи за важна цел.
-Тие учат преку игра. Преку игра тие испробуваат возрасни улоги, како што се подготовка на храна, возење автобус или грижа за бебиња. Како возрасни, ние веќе ги имаме развиено овие вештини, па затоа ни е здодевно кога играме. Човечкиот мозок учи и вежба нови вештини кога знае дека ќе ни бидат корисни. За возрасните, седењето и играњето правење вечера или возење автомобил е здодевно, исто како повторно да ја учат азбуката. Здодевно и сакаме да го завршиме тоа – објаснила таа понатаму.
Играњето треба да биде радост, а не должност.
-Што да правам сега? Како можам да поминувам време со моите деца ако не сум дел од нивната игра? Нели заедничкото играње е важно за развивање врски и поминување квалитетно време заедно? – прашува мајката.
-Играта треба да биде радост, а не должност. Со други зборови, ако не уживате во неа, всушност не играте. Клучот за забавна игра е да пронајдете активност за сите. Сфатив дека не се забавуваме затоа што не ни беше забавно на сите. Има некои работи што не можам да ги правам со радост, па затоа нема да ги правам од вина. Да се преправам дека сум мачка? Не. Да возам детски играчки и возови? Не можам да го правам тоа. Да си играм мајка и бебе? Многу здодевно – објаснила мајката како се чувствува, но исто така додала што може да прави со своите деца и да ужива во тоа и да биде радосна.
Наместо здодевни игри, таа се обидува да го исполни своето заедничко време со активности во кои ужива, кои се исто така забавни за децата: прошетки во природа, возење велосипед, пливање, цртање и сликање, читање книги, правење лего-креации, играње друштвени игри, печење…
Што можеме да направиме кога нашето дете нè замолува да си играме со него?

-Прво, корисно е да се запомни дека кога децата нè замолуваат да си играме, тие сакаат да се поврзат со нас. Тие сакаат да се дружат со нас и да нè вклучат во нивниот свет. Тие имаат потреба од нас. Можеме да ги исполниме тие потреби ако најдеме поинаков начин да се поврземе – продолжила таа, давајќи неколку совети:
-Држете ги цврсто в прегратка додека не бидат подготвени да се опуштат.
-Пуштете музика и танцувајте.
-Бркајте ги низ дневната соба, паркот и игралиштето.
-Понудете им активност во која уживаат.
-Играјте заедно, но на начин на кој и вие уживате во сè. Така навистина ќе се поврзете, а ако вашето срце не е во играта, детето ќе забележи – заклучила мајката Нина.