Воспитување

Родила четири деца на ист датум: „Третиот пат дури ни мајка ми не ми веруваше“

Кога ќе родите дете на вашиот роденден или на роденденот на таткото на детето, тоа е навистина слатко и многу луѓе ќе бидат изненадени кога ќе ја чујат таа информација. Исто така, кога ќе се случи двете деца да се родат на ист датум – во различни години – каква случајност! И замислете ако тоа се случи со дури четири деца!?

Токму ова ѝ се случило на мајка од Калифорнија, Науџаи Дрејк (26), која го родила својот последен син, Кајлу, на 7 јули. Не би било ништо необично ако неговите двајца постари браќа и сестра не го слават својот роденден тој ден.

Многу луѓе мислат дека 7 е нивниот среќен број, но оваа мајка може да го каже тоа со сигурност.

-Неверојатно е што сите се родени на ист ден. Сите ми рекоа да одам да играм на лотарија – изјавила Дрејк.

Оваа мајка е навикната на разни прашања на оваа тема и неверување.

-Тоа е она што сите секогаш ме прашуваат: „Дали имате тројки?“ И јас велам: „Не“. „Близнаци?“ „Не. Сите се родени во различни години“.

Значи, нејзините три постари деца се родени на 7 јули: Кеуан во 2019 година, На’Зеила во 2021 година и Калан во 2022 година. Мајката на овие четири малечки вели дека ниту едно од нив не требало да се роди на 7 јули и дека сите се родени природно.

-Докторот не веруваше дека не сум во индуцирано породување. Па, тој го погледна мојот картон и виде дека сите се спонтани, природни породувања. Тоа значи дека се случило само од себе – рекла мајката.

Откако го родила Калан, Дрејк изјавила дека не ѝ се верува дека сите нејзини деца го делат истиот роденден.

-Бев преоптоварена и вознемирена кога се породив бидејќи не можев да замислам да имам три деца родени на ист ден. Тие се родени природно, без индуцирање или царски рез – додала таа.

Бабата на детето родено на истиот датум, Лакеша Харисон, рекла дека не ѝ се верувало кога нејзината ќерка ѝ се јавила на 7 јули за да ѝ каже дека тој ден ќе се породи по четврти пат.

-Третиот пат кога рече: „Мамо, се породувам“, ѝ реков: „Знам дека лажеш“ – изјавила Харисон за локална телевизиска станица.

Извор

Поврзани написи

To top