Воспитување

Мајка го снимила моментот што покажува зошто е важно да им се даде поддршка на децата

Маријам Силвер од Јужна Каролина снимила трогателен момент кој станал вирален на „Тик-ток“ и совршено доловува зошто е важно да бидете присутни во животот на вашите деца. Видеото го прикажува нејзиниот 4-годишен син Ашер како вознемирено ја скенира публиката на божиќната претстава во неговата градинка, а изразот на неговото лице додека го гледа своето семејство трогнува милиони луѓе низ целиот свет.

Видеото го прикажува малиот Ашер како стои на сцената, а со погледот бараат познати лица. Во еден момент неговиот загрижен израз се претвора во најголема насмевка додека ентузијастички им мавта на мајка си, бабата Ким и постариот брат Ајден. Таткото на Ашер, 34-годишниот Келвин, не можел да дојде, што го направил моментот кога детето ја здогледува мајка си уште попосебен.

-Целото лице му светна. Беше толку возбуден и весел, веднаш ми испрати бакнеж. Беше многу среќен – изјавила 30-годишната Маријам.

Одлуката што променила сè

Овој трогателен момент има посебно значење за Маријам. До неодамна таа водела бутик вреден повеќе милиони долари, работа што одземала долги часови и честопати значела дека пропушта важни семејни моменти.

-Минатата година дадов отказ од работа за да останам дома и да се фокусирам на креирање содржина за социјалните медиуми за да можам да бидам тука за моите деца секогаш кога ќе им требам. Овој момент докажа дека донесов правилна одлука – ниедна сума на пари не вреди да се пропуштат овие моменти со вашите деца. Сè што сакаат е да ве видат за да можат да ви покажат што можат да направат – рекла таа.

@mariamsilver the sweetest moment ever 🥺 #showingupmatters #sweetestmoment #mamasboy ♬ Dandelions (slowed + reverb) – Ruth B. & sped up + slowed

Момчето што ги освои срцата

Маријам го опишува својот син како дете со силна личност.

-На почетокот е срамежлив, но откако ќе се опушти, незапирлив е – додала таа.

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top