Анимираниот филм „Приказна за играчките“ го гледаа генерации, а во последниве денови милиони луѓе низ целиот свет се приклучија на трендот во кој играчките ги „поздравуваат“ децата пред нивниот прв ден во градинка, училиште или факултет. Родителите подготвуваат изненадување за своите деца, а секое видео е поспецијално од претходното.
Морган-Ан, исто така, учествувала во овој глобален тренд, распоредувајќи неколку од омилените играчки на нејзиниот син пред влезната врата, додека тој се подготвувал за својот прв ден во градинка во нова група.
@morgananne99 My boys first day of big boy nursery 😭💙 #nursery #firstdayofnursery #myboy #mybaby #backtoschool ♬ original sound – thisiszohair
-Првиот ден во градинка за моето големо момче – напишала Морган-Ан во описот на видеото, кое е прегледано повеќе од половина милион пати.
Видеото го прикажува момчето како им мавта на своите играчки.