Воспитување

Мажите многу повеќе се грижат за децата отколку што се мисли

Ваквите резултати се добиени од најголемото тестирање на вработени мајки и татковци, кое ги опфаќало родителите со работна недела од 4 дена. Иако имало многу позитивни исходи, едно од најинтересните откритија е дека мажите многу повеќе се грижеле за децата за време на студијата.

Учествувале 2.900 вработени во 61 компанија низ Обединетото Кралство. Студијата започнала во јуни минатата година и траела шест месеци. Вработените работеле 80% од нивните вообичаени часови додека сè уште испорачувале 100% од вообичаеното производство и сето тоа без никакви промени на нивните плати. Организаторите на студијата, „4 Day Week Global (4DWG)“, непрофитна организација, известуваат дека ова е најголемиот број на компании што некогаш учествувале во такво истражување.

Вработените воделе дневник за нивните активности за време на студијата. Тие временски дневници откриле дека машките вработени поминуваат повеќе време во грижа за децата. Вработените мајки, исто така, пријавиле зголемување на времето поминато во згрижувањето на децата, но за овие вработени жени нивното време за згрижување се зголемило за 13%, додека за вработените татковци тоа се зголемило за неверојатни 27%.

Шарлот Локхарт, основачка и управна директорка на „4DWG“, вели: „Прекрасно е да се види дека можеме да го смениме бројчаникот и да почнеме да создаваме поголема рамнотежа во обврските за грижа во домаќинствата“. Рамнотежата помеѓу работата и животот на родителите е исклучително незгодна работа за навигација. Вработените мајки, како што е познато, го преземаат најголемиот дел од домашните обврски. Минатата година годишното истражување на „Motherly“ за состојбата на мајчинството открило дека 46% од мајките биле принудени да ја напуштат работата во 2021 година поради проблеми со грижата за децата.

Вработените што учествувале во студијата, исто така, имале задача да одговорат на анкета на крајот. 60% рекле дека им е полесно да управуваат со обврските за нега заедно со нивните работни обврски. 62% изјавиле дека управувањето со социјалниот живот е полесно.

Студијата била спроведена со неколку различни партнери, вклучително и истражувачи од Универзитетот „Кембриџ“, Универзитетот „Оксфорд“ и Бостонскиот колеџ. Организаторите го нарекле „извонреден успех“ и не е тешко да се види зошто. 71% рекле дека имале „пониски нивоа на исцрпеност“, а 40% рекле дека сонот им се подобрил. 92% од компаниите што учествувале во испитувањето изјавиле дека ќе продолжат со 4-дневната работна недела поради сите позитивни резултати.

Ова не е единственото истражување што спровело ваков експеримент. Постоела и посебна студија во која учествувале 33 компании и 903 вработени, каде што исто така експериментирале со 4-дневна работна недела. Тоа испитување имало уште подобри резултати бидејќи 100% од компаниите-учеснички продолжиле со 4-дневната работна недела по завршувањето на студијата. Поголемиот дел од вработените биле со седиште во САД и Ирска.

Автор: Дива Анвари

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top