Игротека

Математиката полесно се учи со музика

Експерименталните часови во Калифорнија потврдиле дека учениците се многу поефикасни кога сметаат со убава музика во заднина бидејќи концентрацијата тогаш им е подобра, а мислите им се фокусирани.

За да ги совладаат математичките операции, научниците од Универзитетот во Сан Франциско им предложиле на децата задачите да ги решаваат со музика. Неколку училишта учествувале во експерименталниот час и е потврдено дека учениците се многу поефикасни ако решаваат задачи со убава музика бидејќи концентрацијата тогаш им е подобра, а мислите фокусирани.

– Тестовите покажале дека мелодиите со гитара најмногу помагаат во разбирањето на алгебрата и геометријата.
Постои дури и програма наречена „академска музика“ во која се користат инструменти кои се пријатни за увото, не го заморуваат мозокот, туку го охрабруваат на работа — вели д-р Доналд Ебигеил, лидер на тимот.

Доколку ова истражување се покаже како успешно и во понатамошното тестирање, би можело да биде усвоено во сите училишта во Калифорнија. Така, повеќето деца би го совладале и би го засакале не така популарниот предмет математика.

Поврзани написи

To top