Истражување покажало дека времето (Т) што му е потребно на просечно дете да полуди при долго патување со автомобил е 70 минути
Статистичар смислил „прецизна формула“ за предвидување колку време ќе им треба на децата за да збеснат во автомобил при долго возење.
Според д-р Џејмс Хинд од Универзитетот „Трент“ во Нотингем, формулата: T = 70 + 0,5E + 15F – 10S е клуч што родителите можат да го користат за да ја пресметаат веројатноста детето да почне да збеснува на задното седиште од автомобилот.
Истражување засновано на одговорите на 2.000 деца заклучило дека времето (Т) што му е потребно на просечно дете за да полуди при долго патување со автомобил е 70 минути. Родителите можат да го одложат ова со воведување забава (Е) и храна (F), и тоа за цели 15 минути.
Исто така, се покажало дека возењето повеќе деца (S) во автомобилот ги зголемува шансите за беснеење на задното седиште за 10 минути. Освен тоа, просечно дете ќе праша „дали стигнавме“ четирипати во текот на 32-минутното возење.
– Ако имате само едно дете, можете да го забавувате и повремено да го поткупите со храна, па би можело да издржи два часа возење без изливи на бес – вели д-р Хинд, кој работи на Научно-технолошкиот факултет.
– За жал, две деца без забава и грицки може да предизвикаат хаос за само 40 минути. Грицките се важни, но постои граница до кога можат да помогнат, па да дозирате максимално двапати во еден час – додава тој.
Најголемите причини за изливите на бес при возење во автомобил кај децата се досадата (68 отсто), предолгото патување (62 отсто) и гладот (57 отсто).
– Забавата е клучна, но дури и тоа не успева кога станува збор за многу долго патување. Важно е да се прават паузи за да можат децата да го поднесат возењето – вели д-р Хинд.
912