Воспитување

Машки и женски имиња што означуваат сила

При изборот на име, идните родители размислуваат за многу работи – некои сакаат традиционално име, други модерно, размислуваат за потенцијалните прекари, компатибилноста со презимето, но и значењето на името.

Со оглед на тоа што идните мајки и татковци обично му придаваат големо значење на името, што е разбирливо, ви пренесуваме 10 убави имиња за девојчиња и момчиња што значат „сила“ – меѓу нив има и некои традиционални, но и некои модерни и необични.

Имиња за девојки што имаат значење силна, моќна:

Андреа – на нашиот јазик името Андреа е едно од традиционалните библиски имиња бидејќи е изведено од името Андреј, кое го носел еден од 12. Христови апостоли. Името Андреа иако е универзално, кај нас почесто го носат девојките.

Валентина – потекнува од машкото име Валентин и се верува дека потекнува од Свети Валентин, заштитникот на љубовниците. Секако, името Валентин доаѓа од латинскиот збор „valentinus“, што значи силен, здрав.

Ема – ова многу популарно име доаѓа од германскиот јазик. Постојат неколку теории за неговото значење, а една од нив е дека значи „убава, голема, моќна“.

Валерија – ова име е од латинско потекло и потекнува од зборот „valerianus“ и опишува личност која е силна и моќна.

Габриела – во повеќето земји женското име Габриела се смета дека потекнува од машкото име Габриел, што значи „Бог дава сила“. Се смета дека ова име потекнува од Италија или Шпанија.

Имиња за момчиња со значење моќен, силен:

Андреј – ова е име со библиско потекло, кое го носи еден од 12. Христови апостоли. Најчесто е застапено на Балканот, како и во Русија, Чешка и Словачка. Потекнува од грчкиот збор „andreios“ што значи храбар, смел, способен.

Гаврило/Гаврил – припаѓа на христијанското семејство на имиња, именувано по архангелот Гаврил, за кој се верува дека носи добри и нежни вести. Значењето на името Гаврил е „моќен, силен, семоќен, јак и голем“.

Габриел – е добар избор за оние што сакаат помодерни имиња. Се верува дека има хебрејско потекло, а всушност е варијанта на името Гаврило/Гаврил.

Арсеније – потекнува од грчкиот збор „arsenios“, што значи „храбар, мажествен, силен“. Некогаш се верувало дека момчињата чии родители ги именувале Арсеније ќе бидат херои и големи борци и дека ќе излезат како победници од секоја битка во животот.

Автор: Наташа Златковиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top