Сопружниците Васко и Марија заедно со синот Никола смислија стихови посветени на превенцијата од ширењето на коронавирусот. Придржувајќи се до препораките да се седи дома, членовите на семејството Стојановски со креативен пристап решиле да поминат дел од времето во домот.
– Како и сите, остануваме дома согласно препораките за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мене ми е хоби свирењето на гитара, свирам за релаксација во друштво. Така настанаа стиховите и изведбата на гитара. Заедно со синот Никола, кој треба да полни шест години, и сопругата Марија ја изведуваме песничката во која зборуваме за седењето дома и превенцијата од корона. Го постиравме на „Фејсбук“, но не очекувавме дека ќе добие толку голем публицитет – раскажува 36-годишниот Васко.
Видеото, кое го споделила Марија, добива илјадници лајкови.
Стиховите се:
Седите свите дома, дур не пројде вирус корона
Тој не бира кого ќе пипне
Сакајте се уживајте се и спијте
Седи дома, ооо ти седи дома,
Ти седи дома, ооо ти седи дома,
Ти седи дома, да не фатиш корона,
Тој е опасен нас, и само ова ни е спас
Ти седи дома.
912