„Кутијата од новата играчка е поинтересна од самата играчка“, е еден од списокот со Марфиеви закони што го објави Мануела Вершец, домаќинка, блогерка и мајка на четири деца
1. Во одреден момент кутијата од чоколадо има многу голема вредност и ни случајно не смее да се фрли. Утредента таа иста кутија веќе не е интересна и само се метка низ собата, но сѐ уште не смеете да ја фрлите затоа што на децата им треба.
2. Го кревам детето в раце затоа што се брзаме за дома, но тоа баш тогаш инсистира да оди само.
3. Децата се во другата соба, а јас ги мијам прозорците, не знаат што работам, не ги викнав, но штом ќе завршам и ќе се свртам, на прозорецот веќе има отпечатоци од нивните дланки и носеви.
4. Подготвени сме да излеземе надвор со целата зимска опрема, сите облекоа скафандери, ги најдовме и ги навлековме сите пара нараквици, клучот е во бравата и тогаш слушам: „Морам во веце, брзо…“
5. Училишниот ранец е полн со изненадувања, толку многу што некогаш доживувам поблаг шок од содржината што е внатре.
6. Во моментот кога ќе влезам во бања и ќе ја затворам вратата зад себе слушам: „Мамоооо…“
7. Почнувам да разговарам со некого, а децата токму тогаш имаат стотина прашања.
8. Кога детето кое цел час плачело и не знаело што со себе конечно ќе се заигра, доаѓа друго дете и почнува да го малтретира, па првото дете пак почнува да плаче.
9. Изреката „спие како бебе“ во нашиот случај не важи.
10. Кога еден ќе се разболи, за неколку дена се болни сите – домино-ефект.
11. Се брзаме и баш тогаш не можеме да ја најдеме таа шнола за коса што ѝ треба.
12. Кога ќе го земам апаратот, во тие неколку секунди колку што се потребни за да се вклучи, децата престануваат да го прават тоа што го правеа цел час и мојот обид да ги сликам останува само обид.
13. Штом ќе ја сменам постелнината на креветот, веднаш некој ќе истури нешто врз неа.
14. Кутијата од новата играчка е поинтересна од самата играчка.
15. Кога нешто ќе се загуби, и покрај тоа што долго го бараме, невозможно е да го најдеме. По неколку дена самото ќе „исплива“ од место каде што никогаш не би го барала.
16. Време е за спиење и тогаш ја слушам онаа позната реченица: „Ама сега се заигравме…“
17. Возењето во автомобил секогаш е придружено со неколку прашања што се повторуваат безброј пати: А кога ќе стигнеме? Стигнавме ли веќе? Досадно ми е, уште колку мораме да се возиме? Не можам да издржам, уште колку минути?
18. Најактивен дел од денот е времето за одење в кревет.
19. Реченицата: „Тоа не е твое, тоа е мое…“, една од најчесто изговорените реченици, ја губи својата смисла во моментот кога нештото ќе го растргнат бидејќи тогаш е ничие.
20. Во деновите кога можеме да спиеме подолго, тогаш се будат порано.
21. Половина час по ручекот: „Гладен сум…“
22. Во еден момент се како „најголеми непријатели“, а веќе следната минута пак се најдобри пријатели кои не можат еден без друг.
23. Кога сме договорени да одиме некаде и време е да тргнеме, детето спие подолго и никако не може да се разбуди.
24. На две години без проблем со раце фаќа бубачки, полжави или црви. На шест години вреска во автомобилот затоа што има мушичка на надворешната страна од прозорецот.
25. Постојано ме фасцинира како можат толку сигурно да одат во чевли што им се 15 броја поголеми.
26. Дента пред да тргнеме на пат едно од децата задолжително крева температура.
27. Детските соби се средени. Утредента собите се во истата состојба како што биле пред вчерашното средување.
28. Хартија, боици и фломастери никогаш нема доволно.
29. Најчесто на јавно место детето запнува за нешто што не може да го добие и тогаш почнува да плаче, да вика и да се бунтува.
30. Тишината секогаш е знак дека треба да проверам што прави детето зашто тогаш прави нешто што не треба и не смее.