Кога ќе ви се обратат со „мамо“ или „тато“ првиот пат е бесценето: тоа е неверојатна емоција. Но… ако малечкото доцни со изговарањето на овие зборови, што може да се направи за да се стимулира и да му се помогне во процесот на достигнување комуникациски вештини?
За да им помогне на сите родители и да се одговори на сомнежите во однос на оваа тема, Барбара Франко, во соработка со терапевтот за говор Ана Биавати-Смит, креирала „Senti come parlo“ – уредувачка линија посветена на деца на возраст од 0 до 7 години.
„Како прво, добро е да се има на ум дека секое дете има свое време за да учи да зборува“, објаснува Франко, „дури и ако ние често ги споредуваме со другите деца, мораме да бидеме внимателни и да не западнеме во анксиозност. Има деца што почнуваат со говор порано, а некои подоцна, ова зависи од многу фактори“.
Како што вели д-р Ана Биавату-Смит, јазикот се постигнува постепено и развојот оди рака по рака и со физичкиот и когнитивен развој на детето:
– По раѓањето бебињата емитуваат серија звуци во комплетно неволен начин: кашлица, воздивнувања, гугање, подждригнување…
– Помеѓу првиот и четвртиот месец од животот бебињата ги емитуваат почетните волни звуци, особено со членовите на семејството или оние кои се грижат за нив.
– Околу 4. месец бебињата почнуваат да лелекаат, односно да емитуваат звуци кои се состојат од самогласки.
– Помеѓу 9. и 12. месец децата вообичаено развиваат моторни и артикулаторни јазични вештини, благодарение на воведувањето цврста храна. Започнуваат да произведуваат повторувачки самогласки со различни консонанти и започнуваат да користат зборови кои се дел од нивниот секојдневен живот. Понатаму, реагираат кога ги довикуваме по име и одговараат на звуци така што испуштаат други звуци.
Во овој процес улогата на родителите е фундаментална! Ако е подложено на правилни стимулатори, на детето ќе му биде олеснет развојот на комуникацијата.
Марија Монтесори исто така била трогната од ова верување и им дала на родителите низа корисни совети и трикови за да им го олеснат процесот на комуницирање на децата. Кои се советите:
Од исклучително значење е:
– Да се зборува со детето уште од првите моменти на животот.
– Секогаш да се користи едноставен говор, јасно изговарање и граматички коректно – се препорачува сегашно време.
– Именување на предметите што се користат, опишување и нивна споредба, кажување за кого се, објаснување на ситуациите кои детето ќе ги искуси пред да се случат, додека се случуваат и откако ќе завршат.
– Обрнување внимание на моментите кога детето се обидува да зборува, давање доволно време за да ги најде звуците или зборовите што сака да ги каже и довикување на детето по неговото име – со што му да дава силен идентитет.
– „Ставете се на негово ниво“ – кога играме или зборуваме со детето, треба да се спуштиме на негова висина за тоа да восприеми сè што зборуваме, а и како се движи нашето лице и тело.
Автор: Иларија Бараброса