„Мамо и тато, не сум јас виновна што вам ви е лошо…
Не сум јас виновна што живеете вака… што така комуницирате меѓу себе… Не сум јас виновна што немате храброст и одлучност да промените нешто во вашиот живот…
Тоа не е моја вина!
Самите одбивате да бидете возрасни. Вие самите ја избирате таа позиција, дека за тоа што ви се случува се виновни сите други, вклучително и јас, но не и вие. Толку многу сте се оптовариле што паѓате на колена, се заморувате и се лутите. Таков живот сте избрале за себе – САМИте!
Дури и тогаш – во моето детство – се чувствувавте лошо, НЕ поради мене.
Да, сепак се чувствував виновна што ви беше тешко – со себе, со животот, со мене. Се чувствував виновна за вашата нервоза, лутина, умор. Страдав многу, но не знаев како да ви помогнам да престанете да бидете такви – изморени, тешки, нервозни. Затоа плачев. Затоа и бев многу лута на себе, што немам сила да ви го направам животот полесен и порадосен.
Многу сакав да бидам таква каква што вие сакавте, да не се срамите пред соседите, да се фалите со мене пред вашите роднини, но не секогаш успевав во тоа. И затоа уште повеќе се лутев на себе, што не ги исполнив вашите надежи. Од дете ја преземам вината за ова што ви се случува. Но, јас сум изморена и нема повеќе да преземам одговорност затоа што вам ви е лошо, бидејќи тоа е ваш избор, тоа е ваш живот, тоа е ваша одговорност.
Веќе нема да го земам на грб она со што сте се оптовариле самите.
Ако немате сила за нешто – намалете ги амбициите, апетитите, најдете компромис меѓу вашите желби и можности – тоа е ваша задача, да го направите тоа, а не моја.

Не го сакате животот – досаден ви е, тежок – тоа е ваша задача, да си го направите животот поинтересен и полесен, и тоа не на моја сметка, туку на своја сметка. Не сте задоволни од вашите односи? Вие сте возрасни луѓе – сами решете го проблемот. И не влечете ме сите на своја страна, затоа што ќе ве сакам двајцата еднакво.
Не ви се допаѓа како и каде живеам – но, тоа е мој живот, не ваш, и јас носам мои одлуки во мојот живот – и не сум должна да ги оправдам вашите очекувања или да го постигнам она што вие не сте го постигнале.
Мамо/тато, ве ослободувам вас и вашиот сопствен и самостоен живот – таков каков што ќе го изберете за себе. И време е да го живеам мојот живот, моите интереси, да одлучам јас како што сакам. Се гледаме наскоро! Ве сакам! Прегратки! Вашата…“