Воспитување

Мама наспроти тато: Преку хумористични цртежи ги доловува двојните стандарди на околината

Општеството не гледа еднакво на она што го прават мајките и татковците, дури и ако го прават истото. Кога мајката му ја менува пелената на бебето, тоа се подразбира, а кога таткото ја менува, тој е прекрасен и грижлив татко. Кога мајка си игра со дете – немаме што да кажеме бидејќи тоа е најнормалната работа на светот. А кога игра таткото, тој е најдобриот татко на светот.

Токму на темата за овие двојни стандарди една мајка, која изработува хумористични илустрации, се пошегувала (или пожалила?) – најмногу на темата мајчинство. Мери Кетрин Стар неодамна објавила „Илустриран водич за двојно стандардно родителство“. Во неколку цртежи таа успеала верно да прикаже како околината гледа на мајките и на татковците кои ги извршуваат истите обврски за семејството. На пример, кога таткото носи брза храна за ручек, тој е забавен татко, а кога мајката го прави истото, тогаш таа е мрзлива мајка.

-Би можела да нацртам милион примери како овој, но мислам дека ја разбирате поентата – додала таа во описот на објавата.

Автор: Наташа Крстичевиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top